Од бездомник до фудбалски шампион на Европа – животната приказна на Камавинга


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светот има посведочено многу судбини на денес познати фудбалски имиња кои пред да ја стекнат светската слава имале тешко детство.

Нов пример за тоа ни доаѓа од Реал Мадрид, кој во саботата по 14-ти пат во историјата стана европски шампион со победата над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите (1:0).

Заедно со другите играчи, трофејот на победникот во Лигата на шампионите го подигна и 19-годишниот играч за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Овој фудбалер, роден во ноември 2002 година во Кабинда (Ангола), како двегодишно дете се преселил од таа земја во Франција.

Потоа, кога имал 11 години го чекала нова животна драма, го изгубил домот и поминал низ период на сиромаштија со семејството. Но, ништо не го спречи да ги оствари своите соништа, па стана најмладиот фудбалер на Рен и француската репрезентација.

Минатото лето на 18-годишна возраст потпиша за Реал Мадрид, а денес на 19-годишна возраст, осум години откако остана без покрив над главата, може да се пофали со титулата европски и шпански шампион.

Покрај споменатите два трофеи, претходно го освои и шпанскиот Суперкуп со Реал Мадрид, со Рен го освои Купот на Франција во 2019 година, а со француската репрезентација во 2021 година го крена пехарот на победникот во Лигата на нации.

Оваа сезона Камавинга настапи на вкупно 46 натпревари за кралевите во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и додавајќи исто толку асистенции.