Импресивна транформација на Бредли Купер за толкувањето на ликот на култниот композитор Бернштајн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Компанијата „Нетфликс“ објави фотографии од 47-годишниот актер трансформиран во легендарниот композитор Леонард Бернштајн на сетот на биографскиот филм „Маестро“, кој треба да излезе во 2023 година.

Филмот, во режија на Купер, ќе прикаже 30 години од животот на Бернштајн до неговата смрт во 1990 година предизвикана од срцев удар поради прогресивен емфизем комплициран со плеврален тумор и серија белодробни инфекции, пишува „The New York Times“.

На сликите, Купер го прикажува починатиот музичар во различни фази од неговиот живот, користејќи шминка за да го отелотвори Бернштајн во неговите постари години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CineAvatar (@cineavatar)

На една од промотивните слики, Бредли во ретро костум чекори со неговата колешка Кери Малиган која ја толкува улога на сопругата, Фелисија Монтеалегре. Тој потоа се појавува сосема поинаков во сцените од подоцнежниот живот на Бернштајн со бела коса, потешка фигура и протетика што ја залажува возраста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake (@moviebuff_93)

Стивен Спилберг требало да ја режира биографската драма, но во интервју за „Variety“, Купер истакна дека режисерот побарал од него да го глуми Бернштајн, додека тој имал контрапонуда да го напише и режира филмот.

„Му кажав на Спилберг: Секогаш имав чувство дека можам да глумам диригент, но може ли да го истражам материјалот и да видам дали можам да го напишам и да го режирам? Дали би ми дозволил да го сторам тоа?“

„Стивен има многу интереси, тој ќе избере една работа, а сите други работи ќе бидат на чекање“, продолжи тој. „Мислам дека знаеше дека нема да го снима тој филм за брзо време, па беше доволно љубезен да ми го предаде, и тоа е она што го правам во последните четири и пол години.

Во јануари, Купер во „The Late Show with Stephen Colbert“, сподели дека да стане диригент бил еден од неговите соништа од детството, додавајќи дека „побарал диригентско стапче од Бернштајн“ кога имал 8 години. Откри дека бил „опседнат“ со диригирање како дете и поминал „стотици часа“ вежбајќи.