Објавени последните пораки од трагично загинатиот фудбалер Сала и од пилотото кој го управуваше авионот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јануари 2019 година младиот фудбалски талент и ѕвезда во подем Емилијано Сала кој од Нант требаше да направи трансфер во Кардиф, загина во авионска несреќа заедно со пилотот на авионот.

„Би-Би-Си“ објави видео од пилотот Дејвид Иботсон и фудбалерот Емилијано Сала пред да се качат во авионот, а ги објави и нивните последни разговори.

И двајцата праќаат загрижувачки пораки кон своите блиски.

„Преземав фудбалер од Кардиф, бил купен од Нант за 20 милиони фунти мислам. Ми го доверија да го превезам во еден сомнителен ‘мираж’. Нормално мојот елек за спасување би стоел помеѓу седиштата, но утре дефинитивно ќе го носам на мене“, е пораката на пилотот Иботсон до својот пријател.

Сала бил уште поисплашен од него, тој како да имал чувство дека ќе се случи несреќа.

„Сега се наоѓам во авион што изгледа како да ќе се распадне. Ако не слушнеш ништо од мене за час и половина, не знам дали некој ќе ме бара, бидејќи нема да ме најдат. Човеку, многу сум исплашен“, вели Сала.