Објавени добитниците на Нобеловата награда за медицина за 2020 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца американски и еден британски научник се добитници на Нобеловата награда за медицина за 2020 година. Тројцата научници успеале да идентификуваат вирус Хепатитис Ц, кој предизвикува цироза, и рак на црниот дроб, соопшти Бобеловиот комитет.

Нобеловата награда за медицина годинава оди кај научниците Харви Џ. Алтер, Чарлс М. Рајс и Мајкл Хотон, пренесува СНН.

Тројцата научници покрај златните медали ќе добија и нешто повеќе од 1,1 милион долари.

Во обрзаложанието за наградата се наведува дека пред нивното откритие на хепатитисот кој се пренесува преку крвта , додека вирусите А и Б не можеле да се објаснат, како и дека нивната работа овозможила тестови на крв и нови лекови кој спасиле милиони животи.

„благодарение на нивното откритие сега се достапни многу чувствителни тестови на крв на вирисот , кои овозможуваат брз развој на антивирусните лекови усмерени на Хепатитис Ц. , е наведено во соопштението.

Нобеловата награда за медицина е прва од шесте кои ќе бидат доделени до 12 октомври, а тоа се награди за физика, хемија, мир, економија и книжевност.