Тоалет од 23 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НАСА на Меѓународната вселенска станица ќе вгради тоалет вреден 23 милиони долари, кој е специјално дизајниран за физиолошките потреби на астронаутите.

Вселенскиот тоалет на НАСА е направен од титаниум, тежок е скоро 50 килограми и висок 70 центиметри, односно двојно помал од руските тоалети кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Тоалетот е дизајниран така да може да се вгради и во леталото „Орион“, со кое астронаутите би требало да стигнат на Месечината во блиска иднина, а потоа, можеби и на Марс.

Додека претходните верзии на тоалетот биле повеќе ориентирани кон машкиот пол, новиот модел на НАСА е надограден, па седиштето е накосено и повисоко за подобро да им одговара на жените астронаути.

Како што пренесува британски „Индепендент“, астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, моментално користат вакуумски систем.