Нурмагомедов станува професионален фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот УФЦ шампион во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов потпиша професионален договор со рускиот третолигаш Легион Динамо.

Дагестанецот е познат како голем фан на фудбалот. Сонот му беше да стане професионалец, а на крајот и успеа во тоа.

Кабиб потпиша договор со тимот од Макачкала кој ја објави веста.

„Голема битка не чека во Легион и за неа се потребни големи борци“, соопшти овој дагестански тим.

Овој тим е основан во 2015 година и добро влезе во новата сезона, од три натпревари имаат седум бодови. Останува да видиме дали Кабиб ќе добие шанса во некои од нивните натпревари.