Нова хотелска атракција: Уште „темели му немаат удрено“, а веќе 60 насто е резервиран


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Романскиот хотел од мраз, Ice Hotel, кој се наоѓа близу езерото Балеа, на планината Фагарас, секоја година се гради одново и одново, од парчиња мраз и снег.

„Изградбата“ би можела да почне при крајот на ноември, кога се очекува температурата да го достигне доволно ниското ниво. Отворањето на хотелот е најавено за 23 декември.

Романските и странските туристи годинава имаат на располагање 14 соби. Двокреветна соба чини 100 евра за една ноќ. Туристите кои имаат нешто „поплиток џеб“ можат да изнајмат едно од шесте иглоа што ќе бидат подигнати веднаш до хотелот, каде едно ноќевање чини 150 евра, но за шест лица.

Како и претходниве години, собите ќе бидат украсени со ледени скулптури изработени по специфични теми. Годинешната тема се „музичките ѕвезди”, меќу кои и Елвис Присли, Мајкл Џексон, Принс, Мадона и „Ролинг Стоунс“.

HDRtist HDR – http://www.ohanaware.com/hdrtist/