Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде!
Премиерлигашот Евертон во името на Џордан Пикфорд пронајде долгорочно решение на голманската позиција. За овој голман Евертон на Сандерленд му плати 25 милиони фунти (28 милиони евра).
Пикфорд е најталентираниот англиски голман, а во изминатата сезона во која Сандерленд испадна од Премиер лигата, беше едно од ретките „светли точки“ во вој тим.
Евертон со голманот потпиша петгодишен договор и тој е првото засилување за тимот на Роналд Куман во пресрет на новата сезона.
Следното засилување за Евертон би требало да биде напаѓачот Мбаје Нијанг кој е играч на Милан, но минатата сезона ја мина во Вотфорд. За Нијанг „карамелите“ понудила 18 милиони евра.