Home Спорт Ноле остана без олимписки медал во Токио – фрлаше и кршеше рекети на терен

Ноле остана без олимписки медал во Токио – фрлаше и кршеше рекети на терен

Најдобриот тенисер во светот денес беше поразен во натпреварот за бронза од Шпанецот Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3). Можеше да се забележи во мечот дека Ѓоковиќ се уште е под шокот од вчераниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето. Освен тоа изгуби и во полуфиналето на мешани двојки.

Првиот сет го обележи многу мал процент на успешност на првиот сет кај Ѓоковиќ (47%), а Новак пропушти дури пет брејк топки во тој дел од мечот. Затоа шпанскиот тенисер направи еден, но вреден да стигне до добивање на сервисот.

Вториот сет донесе сигурна игра и од двата тенисери. Цврсто ги држеа своите сервиси и немаше шанса за брејк. Победникот беше решен во тај-брејк. Таму Карено Буста почна лошо. Имаше Ѓоковиќ предност од 4:1 и изгледаше дека лесно ќе дојде до освојување на тај-брејот. Меѓутоа Карено-Буста одигра фантастична завршница и го сврти тај-брејкот во своја полза, дојде и до меч топка. Сепак, не ја искористи, Ѓоковиќ успеа да дојде до освојување на сетот и изедначување на 1:1.

Уште на стартот на третиот сет Ѓоковиќ пропушти шанса за брејк, па во нервоза го фрли рекетот на трибините, а потоа и вториот го скрши. Карено Буста му го одзема сервисот и дојде до предност која не испушти до крајот, го доби сетот со 6:3 и ја освои бронзата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…