Никако да се опамети: Руни повторно „фатен“ пијан и со друга жена?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот англиски фудбалер Вејн Руни е познат по неговата слабост кон пијачките и убавите жени, а не е тајна дека неговата сопруга Колин сето тоа сè потешко го поднесува.

Откако пред две години го преживеа скандалот кога беше уловен како пијан вози автомобил со непозната жена на совозачкото мeсто, вчеравечер му се случи слична ситуација.

Британскиот The Sun објави фотографии на кои се гледа како Руни ја завршува вечерта по осум часа пиење рум кола во два клуба.

По пијанката , тој е снимен во 5.30 часот во хотел како влегува во лифтот со непозната бринета.

Во текот на вечерта, Руни танцувал и се забавувал со бринетата, за потоа и да заврши со неа во хотел. Инаку Руни е во брак со Колин од 2008 и заедно имаат четири деца.