Home Спорт Невозможна мисија на Топџиите против Баерн, Сари како да ги отпиша Наполи против Реал

Невозможна мисија на Топџиите против Баерн, Сари како да ги отпиша Наполи против Реал

Вечерва ќе ги имаме првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите за оваа сезона, откако ќе бидат одиграни вториоте осминафинални дуели помеѓу Арсенал и Баерн Минхен, односно Наполи и Реал Мадрид.

Во првиот дуел очигледно сè е решено, откако во првите 90 минути Баерн ги растури „Топџиите“ со убедливи 5:1, па во Лондон не би требало да има никакви проблеми  да ја зачува таа предност и да се пласира во четвртфинале.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, нема да може да смета на Месут Озил, додека настапот на Мертесакер е под знак прашалник.

Од друга страна, Баерн ќе игра без суспендираниот Лам и претходно повредениот Боатенг, додека меѓу стативите на германскиот гигант наместо лесно повредениот Ноер, би можел да застане Улрих.

Наполи има малку полесна задача од Арсенал, а тоа е да ја анулира предноста на Реал од 3:1 од Мадрид. Италијанците за тоа треба да постигнат два погодоци и да не примат ниту еден  гол.

Тренерот на Наполи, пак, Маурицио Сари, не верува дека неговата екипа прв пат во историјата може да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Притисокот е врз Реал, тие мора да се квалификуваат. Тие се светски прваци, најбогат и најдобар тим на светот. Од друга страна, нашите навивачи се светски прваци и цела Европа ќе го види тоа. Искрено, Реал веројатно ќе оди понатаму. Имаат постигнато барем по еден погодок во 46 натпревари во серија, но се надевам дека добро ќе ги измачиме. Ќе имаме шанса да одиме понатаму ако ја искористиме секоја шанса која ќе ја имаме на натпреварот. Како и да заврши истиот, ќе бидеме среќни. Важно е да се навикнеме во иднина да играме вакви големи натпревари “, изјави Сари, кој пред самиот почеток на натпреварот ќе одлучи дали полесно повредениот Мертенс ќе го предводи нападот.

Од друга страна, неговиот колега Зинедин Зидан, нема проблеми со повредени играчи.

„Како и секогаш, ќе играме за победа. Во Мадрид добро почнавме, иако Наполи први поведоа. Но, нашата реакција после тоа водство беше одлична. Сите зборуваат за тоа дека Наполи мора одлично да го отвори натпреварот, но никој не сфаќа дека сите 90 минути мора да се одиграат на исто ниво. Играв на Сао Паоло и знам дека не чека фантастична атмосфера, но тоа ќе ни биде дополнителна мотивација да го дадеме максимумот“, изјави Зидан кој на дуелот ќе го изваде најсилниот состав, освен Варан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…