Невкусна шега која заврши кобно: „Јутјубер“ убиен додека снимал местенка со грабеж на луѓе на улица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


20-годишно момчео од Нешвил беше убиени додека со другарите се обидувало „на шега“ да ограбува непознати луѓе на улица со надеж дека ќе направи вирално видео за својот Јутјуб канал.

Според полицијата Тимоти Вилкс со уште еден другар со месарски ножеви во рацете се приближиле до група луѓе која стоела на паркинг во близина на еден локален забавен парк. Меѓу нив е и 23-годишниот Дејвид Старнс, кој не сфаќа дека Вилкс снима пранк видео, и на лице место го застрелува.

Старнс на полицијата и кажува дека пукал во самоодбрана за да се заштити себе си и останатите. За сега нема обвинение против Старнс, а се уште не е познато ни дали другарот на Вилкс ќе одговара за обидот за „пранк“ грабеж.

Коментарите на локалците се меѓу „се претера со пранковите“ и „не е разумно во вакви нервозни времиња да се преправаш дека ограбуваш некого“.

Што се однесува на 23-годишникот со пиштол во себе, Нешвил има меѓу најопуштените закони за носење оружје во САД, и на сите постари од 21 година им е дозволено отворено или прикриено да носат пиштол се додека не се во некое од локалните училишта.