Audi e-tron GT – луксуз со електрични перформанси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автомобилскиот гигант Ауди пред јавноста го претстави својот најнов додаток во својата растечка понуда на целосно електрични модели: елегантен и спортски седан со четири врати, ниска линија на покривот и силуета на купе.

E-tron GT несомнено е еден од највпечатливите дизајни на Ауди во последните години, и се позиционира на врвот на хиерархијата на моделите на премиум марката – и со цената и со новата технологија.

Со E-tron GT, Ауди цели на балансирање на секојдневната употребливост со спортски перформанси, нудејќи ривал и на тесла модел С и на порше тајкан. Поставен е на премиум спортската платформа Ј1 на Фолксваген групата дизајнирана од Порше, што значи дека e-tron GT ја дели својата ДНК со Tајкан.

Ќе се нуди во две верзии, „обична“ и екстремно спортската РС, и ќе биде еден од најмоќните сериски модели на Ауди. Сите модели имаат концепција со два електрични мотори и двобрзински пренос за да се помогнат перформансите. Ја има новата електрична архитектура на Ауди со 800 волти која овозможува уште побрзо полнење, а батеријата од 86 киловат часови овозможува радиус од 488 километри според европскиот ВЛТП стандард.

Како што открива ознаката, e-tron GT е дизајниран пред сè како трансконтинентален голтач на километри. Практичноста е нешто што Ауди постојано го истакнуваше на презентацијата. Компанијата тврди дека, и покрај ниската линија на покривот, во e-tron GT може комотно да се сместат четворица, со доволно простор за главите. Има и заден багажник од 405 литри, како и дополнителен од 85 литри на предниот дел.

Основниот Ауди e-tron GT има комбинирана моќност од 476 коњски сили и вртежен момент од 630 њутнметри, додека RS e-tron GT има поголема моќност, со 598 коњски сили и вртежен момент од 830 њутнметри.

И двете верзии имаат концепција со два електромотори, по еден на секоја оска.

Батеријата на e-tron GT е со рамно дно, што значи дека е поставена уште пониско во автомобилот, со што е добиен центар на гравитација кој наводно е подобар од тој на суперавтомобилот ауди А8.