„Неверната“ попадика


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двајца другари отишле во црква, завршила службата и едниот му вели на другиот:
– Абе Зоки, може ли да те замолам за една услуга?
– Секако бе брат, кажи.
– Веќе некое време ја работам попадиката. Ќе сакаш ли да го замуабетиш попот, да го задржиш во црквата барем еден саат?
На другарот не му било баш по мерак, но најдобар другар си е најдобар другар и мора да му се најдеш за вакви работи, па се слогласил. Отишол кај попот и започнал муабет за верата, за црквата и за други сериозни теми. Попот на почетокот објаснувал со мерак, но на крај му здосадило и сакал да си оди дома. Но Зоки упорен, муабети ли муабети. На крај попот се изнервирал и го прашал директно:
– Абе човеку, зошто ти мене толку ме муабетиш, како да сакаш намерно да ме задржиш тука за да не си одам дома. Што е работата?
Зоки не сакал да го лаже попот, а немало начин како да го одбегне одговорот па му рекол:
– Пријателот мој веќе некое време спие со жена ти, па ме замоли да те задржам во црквата барем еден саат, а тој отиде кај тебе дома.
Попот на ова му одговорил:
– Слушај сега што ќе ти кажам. Ти подобро веднаш да со одиш дома, зошто мојата жена почина пред 1 година.