63 нови случаи на КОВИД-19 во Македонија во последните 24 часа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Македонија, во последните 24 часа, од направени 529 тестирања, регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19. Во истиот период починаа 13 лица, информира Министерството за здравство.

Според информацијата најмногу новозаразени има во Скопје 42, Куманово 3, Тетово 2, Прилеп 2, Гостивар 1, Штип 1, Битола 1, Велес 2, Охрид 1, Струмица 2, Кавадарци 1, Неготино 1, Виница 1, Пробиштип 2, Крушево 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје 101, Штип 7, Битола 4, Охрид 22, Кавадарци 9, Струга 4, Кочани 4, Неготино 5, Дебар 7, Крива Паланка 3, Ресен 2, Радовиш 1, Берово 3, Пробиштип 2, Демир Капија 2.

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500.

Oд вчера се евидентираат девет контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38610, активни 7304
• Куманово 5018, активни 455
• Тетово 4957, активни 468
• Прилеп 4468, активни 302
• Гостивар 3533, активни 332
• Штип 3435, активни 172
• Битола 3167, активни 254
• Велес 2956, активни 335
• Охрид 2652, активни 355
• Струмица 2472, активни 385
• Кавадарци 2389, активни 395
• Струга 2141, активни 165
• Кочани 1697, активни 138
• Кичево 1662, активни 152
• Свети Николе 1061, активни 53
• Гевгелија 953, активни 130
• Неготино 942, активни 173
• Дебар 714, активни 118
• Крива Паланка 701, активни 88
• Ресен 708, активни 112
• Радовиш 673, активни 74
• Берово 564, активни 57
• Делчево 530, активни 148
• Виница 476, активни 44
• Пробиштип 476, активни 30
• Валандово 325, активни 29
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 237, активни 15
• Богданци 214, активни 38
• Кратово 209, активни 16
• Крушево 190, активни 34
• Македонска Каменица 188, активни 46
• Демир Капија 177, активни 36
• Пехчево 175, активни 26
• Дојран 81, активни 8

Досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања на ковид -19.