Home Вебкафе Нешто помеѓу пик-ап и камионче – забегано модифициран Сааб паркиран пред шведското МНР

Нешто помеѓу пик-ап и камионче – забегано модифициран Сааб паркиран пред шведското МНР

Редизајнот се заснова на моделот Saab 9-3, а крајниот резултат излегол некаде на половина пат помеѓу пикап и помал камион. Имено, ова е веројатно единствениот Saab со шест тркала, но и единствениот со толку многу простор за товар.

Сите промени започнуваат по носачот Б. И тие не се мали. Вертикалната табла го одделува одделот за патници од рамниот багажник на кој се наоѓа инсталацијата за транспорт на прозорецот.

Автомобилот е снимен во Стокхолм пред зградата на Министерството за надворешни работи. Наводно се паркирал на место каде што обично се наоѓа Audi A8 W12. Без сомнение, овој Saab е неизмерно поевтин, но и далеку позабележителен. За некои е и попривлечен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…