Home Шоубизнис Инстаграм тестира објавување видеа долги до 90 минути

Инстаграм тестира објавување видеа долги до 90 минути

Логото на Инстаграм

Инстаграм тестира нова можност што веројатно ќе ги израдува авторите на подкасти и креаторите кои објавуваат подолги видеосодржини.

Од денес, 26 октомври, избрани креатори ќе можат пробно да објавуваат хоризонтални видеа во траење до 90 минути. Новата опција го носи името „Features“.

Од Инстаграм објаснија како ќе функционира поврзувањето на кратките исечоци со целосните видеа.

„Кога ќе видите исечок од подкаст што ви се допаѓа, ќе можете со еден клик да продолжите со гледање или да го погледнете целото видео. Креаторите ќе можат да ги поврзат овие Reels со своето целосно видео, па ќе имате пристап до целата содржина“, изјави Теса Лајонс, потпретседателка за производи во Инстаграм, пренесува „Холивуд репортер“.

Се очекува оваа можност да ја користат автори на подкасти, комичари и други познати личности кои создаваат подолги содржини.

За корисниците во Бразил опцијата можеби веќе е позната, бидејќи таму се тестирала и претходно.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Теа Таировиќ итно оперирана: Нејзиниот тим потврди дека сега се чувствува добро

Пејачката Теа Таировиќ во текот на ноќта била итно примена во болница и оперирана поради в…