Граѓаните кои добија помош од 6.000 денари во рамки на мерката „Купувам домашно“, парите можат да ги подигнат и во кеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најавата за префрлање на еднократната парична помош во висина од 6.000 денари од страна на државата за дел од македонските граѓани предизвика редици од луѓе кои со часови чекаа пред банките за да добијат инфомација како и на кој начин може да ги искористат парите.

Вработените во банките им објаснуваа на граѓаните дека парите можат да ги подигнат од банкомат наместо да чекаат ред. Утринава парите наменети за мерката „Купувам домашно“ легнаа на сметките на 280 илјади граѓани. Граѓаните велат дека со парите ќе покријат некоја сметка или ќе купат прехранбени производи.

„Некој ми кажа дека може да се извадат некој не, нема кој да ми каже не можам да влезам во банка. Штом можам да ги извадам е добро, зошто не не ограничуваат само со домашни производи, можам сметка да платам нешто да направам…“

„Да, треба да ги подигнам, ќе земам нешто за јадење, што друго да земам…“

„Ме нема уште, треба да прашам на шалтер. Малку се ама добро е, да јадеме нешто, да купиме за дома“, рекоа граѓаните.

Дури 70 илјади граѓани поднеле приговор, сметајќи дека исполнуваат услови, а не се нашле на владиниот список.

„Приговорите кои стигнуваат до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат. Досега се пристигнати околу 70.000 приговори. За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата „купувам домашно“, рекоа од Владата.

Самохраните родители, уметниците и естрадните уметници парите ќе ги добијат до крајот на оваа недела зошто списоците сè уште не се комплетирани. Граѓаните кои немаат транскациска сметка ќе треба да отворат нова во банката каде што се распределни. Останува нејасно до кога банките ќе можат да отвараат подсметки и на кој начин за оние граѓани на кои поради различни причини им е блокирана сметката.

Од Владата не појаснија зошто во последен момент од „Купувам домашно“ мерката премина во купување на производи од било кој производител и давањето можност граѓаните парите да ги потрошат на што сакаат, иако оваа мерка беше најавувана со единствена цел зголемување на производството на македонските компании.