Нема пушење во Милано


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италија беше првата држава во Европа која забрани пушење цигари во јавен затворен простор, а сега Милано станува првиот град кој тоа го забранува и на отворено, во јавност.

Официјално правилото е дека не смее да се пуши се додека во радиус од 10 метри има човек, и ова важи за автобуски и железнички станици, зелени простори, спортски и рекреативни површини, детски игралишта, стадиони и гробишта.

Вака ќе се тера до јануари 2025, кога забраната ќе ги опфати и терасите на кафулињата и рестораните.

Италија во 2003 беше првата држава во ЕУ која забрани пушење во затворено, а сега Милано е првиот италијански град што воведува вакви мерки по основа на подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени. Се работи за план кој ќе се спроведува во фази во следните три децении.

Процената е дека 8% од ПМ10 честичките во Милано доаѓаат од чадот од цигари, а освен што ќе се намали загадувањето, забраната и директно треба да го заштити здравјето на граѓаните.

Казната за пушење во јавност ќе биде 40 евра, а забраната ги исклучува електронските цигари.