“`html
Сушењето на косата природно на воздух звучи прилично лесно. Само ја перете косата, ја триете со пешкир и сте подготвени. Реалноста е дека може да завршите со не баш привлечна фризура.
Нема потреба да користите никакви алати за да имате убава фризура, ако научите како правилно да ја сушите косата на воздух. Еве како се прави тоа:
БРЧКАНА КОСА
Користете микрофибер пешкир за да ја сушите косата. Тие навистина имаат моќ на апсорпција. Користете ги прстите или чешелот за да расчешлате. Кога косата ви е 70% сува, нанесете малку спреј од морска сол за да добиете плажен изглед. Ако сакате поголеми бранови, земете мали делови од вашата коса и нанесете малку повеќе од спрејот од морска сол.
ПРАВА КОСА
Земете микрофибер пешкир и нежно тријте ја косата со него. Ова ќе ја отстрани водата побрзо. Кога косата ви е полусува, земете чешел со широки забци и расчешлувајте ја косата. Да би вашата коса била структурирана, користете гел од Алое вера. Користете гел почнувајќи од краиштата до коренот на косата за да создадете текстура.
КАДРАВА КОСА
Не користете четка за да ја чешлате вашата кадрава коса, бидејќи ќе завршите со непослушна фризура. Едноставно користете ги прстите додека ја сушите косата. Користете микрофибер пешкир за да се ослободите од вишокот вода. Подигнете ја косата нагоре, а потоа фрлете ја наназад. На овој начин ќе и дадете волумен на косата. Ако сакате да додадете дефиниција на локните, користете малку крем за коса или масло.
ПРИРОДНА КОСА
По шампонирањето, добро протресете ја косата. Земете микрофибер пешкир и нежно отстранете го вишокот вода. Нанесете течен производ, крем и масло за да ви бидат локните дефинирани.
“`