Home Вебкафе Џенифер Лопез го прослави 57. роденден: Од бездомништво и апсење со Пи Диди до статус на една од најголемите ѕвезди во светот

Џенифер Лопез го прослави 57. роденден: Од бездомништво и апсење со Пи Диди до статус на една од најголемите ѕвезди во светот

Денес е тешко да се замисли поп културата без Џенифер Лопез.

Таа е модна икона, филмска ѕвезда, музичка сензација и жена која веќе повеќе од три децении го диктира ритамот на забавната индустрија. Сепак, зад гламурот, дијамантите и спектакуларните настапи се крие животна приказна полна со тешки одлуки, семејни конфликти и моменти кои можеле засекогаш да ја променат нејзината судбина.

Родена во Бронкс во семејство на порторикански имигранти, Џенифер Лопез израснала со родители кои посакувале сигурна иднина за својата ќерка. Додека тие сонуваа дека еден ден ќе стане адвокатка, таа мечтаеше само за танцување. Работеше како помошничка во адвокатска канцеларија и заврши обука за нотарски асистент, но ниту една канцелариска работа не можеше да ја замени сцената.

Кога на 18 години им соопшти на родителите дека сака професионално да се занимава со танцување, следеше голем семеен конфликт. По бурната расправија, го напушти семејниот дом и остана без покрив над главата. Месеците ги помина спиејќи на кауч во танцовото студио во кое секојдневно тренираше, верувајќи дека целиот труд еден ден ќе се исплати.

Тој ризик брзо почна да носи резултати. Како членка на плачната екипа Флај Грл во популарната емисија In Living Color, привлече внимание на продуцентите, а потоа настапуваше како придружна танчерка со најголемите ѕвезди на тоа време, меѓу кои се вклучени групата New Kids on the Block и Џенет Џексон. Токму тие ангажмани ги отворија вратите на Холивуд.

Многумина забораваат дека Џенифер Лопез не го освои светот со музика, туку со филм. Улогата на Селена Кинтанила во биографската драма Selena од 1997 година ѝ донесе огромни пофалби од критиката и ја направи првата латино актерка која за една филмска улога заработи повеќе од милион долари. Тек по тој успех, одлучи да започне музичка кариера со албумот On the 6.

Малку е познато дека почетокот на нејзината музичка кариера го следеше и мал маркетиншки трик. Кон крајот на деведесеттите години, во јавноста често се наведуваше дека е родена во 1970, наместо 1969 година, за да се доближи до генерацијата на која дискографската индустрија сакаше да ја претстави. Вистинската година на раѓање стана јавна само по еден од најдраматичните настани во нејзиниот живот.

Во декември 1999 година, Џенифер Лопез се наоѓаше во еден њујоршки клуб со тогашниот партнер Шон Комбс, денес познат како Диди. Вечерта заврши со пукање во кое неколку лица беа ранети. Тие двајца се обидоа да избегаат со автомобил, но полицијата ги запре. Лопез беше приведена и помина околу 14 часа во притвор, додека обвиненијата против неа потоа беа отфрлени. Овој настан го означи и крајот на нивната врска, бидејќи сакаше да ја заштити својата филмска и музичка кариера од понатамошни контроверзии.

Надимакот ЏејЛо, кој денес е еден од најпрепознатливите брендови во светот на забавата, не го смисли маркетиншки тим. Прв пат така ја нарече раперот и продуцент Хеви Ди за време на работата на нејзиниот дебитантски албум. Шеговитиот надимак брзо стана глобален заштитен знак и назив на нејзиниот втор албум, претворајќи се во бренд вреден милиони.

На почетокот на двехилјадитите години, нејзиното име се најде и во центарот на еден од најпознатите поп караници. Конфликтот со Мараја Кери трае повеќе од две децении, а кулминираше со легендарната изјава на Мараја: “I don’t know her.” Зад сето тоа, според бројни медиумски наводи, стоеше тогашниот директор на Sony Music, Томи Мотола, кој по разводот со Мараја се обидуваше да ги саботира нејзините работи користејќи исти музички продуценти и идеи за песни кои завршуваа кај Џенифер Лопез. Таа приказна и денес предизвикува бројни расправи меѓу фановите на поп музиката.

Уште една тема што со години ја следи нејзината кариера се тврдењата дека во одредени хитови значителен дел од вокалите пееле други пејачки. Како примери често се наведуваат Кристина Милијан, Ашанти и Наташа Рамос, чии гласови, според бројни изјави и медиумски анализи, останале присутни на некои од најголемите хитови на Џенифер Лопез. Самата пејачка повеќе пати призна дека никогаш не сметала дека нејзиниот глас е најголем адут, но токму спојот на енергија, танцување, харизма и извонреден сценски настап создадоа феномен кој трае повеќе од три децении.

Денес, кога го слави својот 57. роденден, Џенифер Лопез не е само една од најпознатите жени во светот. Нејзината приказна останува доказ дека патот до врвот ретко изгледа гламурозно. Од девојка која спиеше на кауч во танцовото училиште до жена која изгради глобална империја на музика, филм, мода и бизнис, ЏејЛо покажа дека најголемите соништа често се раѓаат токму во најтешките моменти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Зошто веќе не сте среќни? Стручњаците велат дека одговорот не е ниту парите ниту работата

Ако имате чувство дека сите денови ви се исти, дека малку нешто искрено ве радува и дека в…