Home Спорт Некои мислат дека Ѓоковиќ „на среќа“ го доби Федерер на Вимблдон – еве што вели Рафа

Некои мислат дека Ѓоковиќ „на среќа“ го доби Федерер на Вимблдон – еве што вели Рафа

Пред повеќе од една недела на Вимблдон беше одиграно едно од највозбудливите финалиња во историјата на овој престижен тениски турнир, а реакциите после овој „судир на титаните“ и понатаму не стивнуваат.

И понатаму постојат некои кои тврдат дека Федерер едноставно немал среќа и поради недостиг на среќа загубил од Ѓоковиќ.

Потсетуваме, Рожер Федерер имаше две меч топки против Новак, при водство од 8:7 во петтиот сет, но не ги искористи. Србинот се врати во игра и во тај-брејк стигна до петтата титула на Вимблдон во неговата кариера.

Федерер освои 14 поени повеќе од Ѓоковиќ во текот на целиот меч, но беше полош во играта во најважните моменти.

Еден од оние кои тврдат дека Новак не победи против Федерер „на среќа“, е третата современа легенда на тенискиот спорт – Рафаел Надал.

„Видете, тенисот не е како фудбалот во кој еден среќен удар може да го одлучи исходот. Во тенисот на среќа можеш да победиш можеби еднаш во две години“, изјави Рафа во врска со тезата за победата „на среќа“ од Ѓоковиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …