Со „Мој ДДВ“ досега скенирани повеќе од 4,5 милиони сметки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на министерството за економија, министерот Крешник Бектеши, апелира до граѓаните да ги скенираат сите фискални сметки кои ќе ги побараат да ги добијат и редовно да ја користат апликацијата „Мој ДДВ“.

Бектеши посочува дека со тоа граѓаните ќе придонесат не само за раст на економијата туку и за домашниот буџет. Од 1 јули, кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто, досега се скенирани над 4,5 милиони фискални сметки.

Бектеши се приклучи на карванот „Мој ДДВ“ по повод мерката за враќање 15 отсто од пресметаниот ДДВ и скенира фискална сметка на промотивниот штанд кај супермаркетот „Тинекс“ кај „Раде Кончар“ во Скопје.

„Мерката поврат на 15 отсто од ДДВ има големо значење не само за граѓаните туку и за целокупната економија. За граѓаните е важно затоа што на крајот на годината дава можност за плата плус во секое семејство, но за економијата ќе значи намалување на сивата економија. Граѓаните со барање фискални сметки и нивно скенирање на апликацијата ‘Мој ДДВ’ ќе бидат еден вид инспектори, што ќе значи дека директно ќе влијаат на намалување на сивата економија. Тоа на крајот ќе значи и повеќе пари во буџетот на државата“, рече министерот Бектеши.