„Не можам да спијам ноќе“: Главниот виролог во Германија трпи закани по неговиот живот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијан Дростен, главниот германски виролог кого многумина во Германија го сметаат за експерт што најдобро ја објаснува ситуацијата со коронавирусот, се пожали на лошите страни на несаканата популарност што ја доживеал во германското општество со борбата против пандемијата.

Во интервју за британски Гардијан тој вели дека поради својата улога во кризата со коронавирусот добива смртни закани, објаснувајќи го тоа како „превентивен парадокс“.

„Луѓето во Германија гледаат дека болниците не се пренатрупани и не разбираат зошто се затвораат продавниците“, истакна тој.

Дростен посочува дека се гледа дека мерките за сузбивање на вирусот функционираат, но ова наведува многумина да се жалат на наводно претерано реагирање на епидемијата.

Поради ова, тој верува дека за многу Германци тој е „лошиот човек што ја кочи економијата“ и дека затоа постојано добива смртни закани, кои ги проследува до полицијата.

Тој вели дека другата причина зошто не спие ноќе е што добива мејлови од загрижени луѓе.

„Полоши од заканите се мејловите од луѓе што ми пишуваат дека имаат три деца и дека стравуваат за иднината. Не е моја вина, но тоа се мејлови што не ми даваат да спијам ноќе“, објасни Дростен.