Не личи на себе: Фотки од здебелената Маргот Роби од снимањето на новиот филм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најсексапилните актерки на денешницата, Маргот Роби, која се прослави со улогата во Wolf of Wall Street, прифати да го толкува ликот на бившата американска лизгачка Тонја Хардинг, која со помош на сопругот и телохранителите организирала напад на својата главна конкурентка Ненси Кериган.

Ненси била удрена со палка во коленото од страна на напаѓачот и така била спречена да настапи на американското првенство во 1994 година, а Тонја сакала да ја исфрли и од американската репрезентација.

На првенството златниот медал го освои Тонја, но подоцна мораше да го врати и доби доживотна забрана за професионално лизгање откако се дозна за скандалот.

Маргот направи неверојатна трансформација со цел што повеќе да личи на славната лизгачка, а на првите фотки кои протекоа од снимањето на филмот воопшто не си личи на себеси. Освен што научи да лизга, „фрли“ и некој килограм вишок, како и вештачки нос.