Home Актуелно Награди за најдобрите девет старт ап компании од Фондот за иновации

Награди за најдобрите девет старт ап компании од Фондот за иновации

Денеска од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.

Фондот за иновации и технолошки развој во претходните три години поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување. Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.

Нивните успеси треба да се наградат и промовираат како позитивен примерво секторот, и затоа на 25 јануари 2017 година од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.

Настанот ќе го отвори директорката на Фондот за
иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…