Навивачите на ПСЖ му приредија пречек на Меси на аеродромот во Париз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на ПСЖ веќе се собраа на мини-аеродромот „Бурже“ да ја пречекаат фудбалската легенда Лионел Меси.

Вчера Меси се прости од Барселона, а веќе денес се очекува да пристигне во Париз каде што ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот со ПСЖ.

Л’Eкип сега пишува дека се е договоррено, односно дека Меси веќе пристигнал во Париз.

Наводно тој е на лекарски прегледи и наскоро ќе потпише договор.

Додаваат дека сè е подготвено за голема свеченост, а истата ќе биде одржана на Ајфеловата кула.

Точниот датум не е откриен.