Home Спорт Навивачи извинете, но целиот тим стои зад Венгер!

Навивачи извинете, но целиот тим стои зад Венгер!

Десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин тврди дека сите во клубот стојат позади менаџерот Арсен Венгер и му даваат поддршка.

Арсенал синоќа претрпе уште еден дебакл од Баерн и вкупно беше поразен со 10:2 од Баварците. Иако навивачите се недезаволни од Венгер и сакат да му го видат грбот, сепак Белерин тврди дека целиот тим е покрај него.

„Целиот тим стои позади менаџерот. Тој го направи овој тим, а во фудбалот имате добри и лоши периоди. Сега се наоѓаме во лош момент, но мораме да се обвинуваме самите себе. Мораме да го заборавиме овој натпревар и да се концетрираме на следниот. Имаме должност да ја завршиме сезоната на добар начин“, изјави Белерин.

Навивачите се исклучително незадоволни и синоќа предвреме го напуштија стадионот, што ги погоди играчите.

„Мене посебно ме погоди кога видов како навивачите го напуштаат стадионот. На крајот на краиштата, ние играме за нив, сакаме да бидат среќни, да не поддржуваат. Ме боли кога гледам таква реакција од нивна страна“, додаде Белерин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…