Нашите јавни личности ја знаат и следат манекенката Бјанка Мизел – а таа не постои


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако си дел од светот на модата, музиката, актерството, медиумите или некој друг сегмент од таканаречената „шубизнис фела“, редно е да ја следиш, да бидеш упатен и информиран и за светската сцена на тоа поле и да ги знаеш моментално најизвиканите имиња од браншата. Но, очигледно за нашите јавно експонирани шоубизнис личности ова не важи.

Знаеме, многумина, вклучително и овие кои се интервјуирани, ќе речат дека не е фер да им се подметнуваат вакви трик анкети, ама па, што им е проблем да признаат дека не ја знаат „моментално најбараната манекенка на светот, Бјанка Мизел“, кога таа воопшто не постои, туку е измислен идентитет од екипата на „Ексклузив“ која го направи овој интересен, но и поразителен анкетен експеримент.