Закани со тужби за активистите против „рудниците на смртта“ поради Фејсбук статуси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Струмички активисти кои активно заговараат стопирање на отворањето на „рудници на смртта“ во југоисточниот дел од Македонија и се борат против нив, добиле опомени пред тужба од компанијата „Еуромакс Рисорсис“ поради Фејсбук статуси, за кои од нив се бара да се извинат на компанијата.

Опомените, како што сами објавуваат активистите на социјалните мрежи, се испратени од компанијата „Еуромакс Рисорсис“ концесионер на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“. Во нив стои дека со ФБ статусите се прави штета врз угледот на компанијата, а доколку активистите јавно не се извинат, адвокатите на „Еуромакс Рисорсис“ ќе поднесат тужба за клевета.

Меѓу активистите кои добиле вакви опомени, се Крум Велков, Милена Зафирова, Стојанчо Велков. Тројцата, на своите ФБ профили, детално објаснуваат зошто немаат намера да се извинуваат на концесионерот на рудникот.

Рудникот Иловица предизвика голем отпор од локалното население . Имаше бројни протести и блокади во текот на 2017 и 2018 година, како и два локални референдума во Ново Село и Босилево. Подоцна, концесионерот објави дека нема да користи цијанид и сулфурна киселина при обработката на руда, но екологистите немаат доверба и бараат од Владата да му ја одземе концесијата на „Еуромакс рисорсис“ и да не дозволи отворање на рудникот Иловица-Штука.