Намирници кои ги штитат забите од расипување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Редовното миење на забите и чистењето од забниот камен не се единственото нешто кое може да го правите во, и тоа како важното, одржување на нивното здравје.

Тука се и намирниците во секојдневната исхрана кои можете да ги користите, а кои придонесуваат до заштита на забите од расипување. Еве некои од нив, кои на сите ни се достапни.

1) Јајца

Богати се со витаминот Д кој го спречува нивното расипување бидејќи допринесува за посилни заби кои се повеќе отпорни на расипување.

2) Сладок компир

Слаткиот компир е богат со витаминот А кој е витален за функцијата на плунката која го регулира pH нивото во устата, спречувајќи го расипувањето на забите. Покрај тоа, има повеќе калиум од бананите.

3) Сувомеснати производи и месо

Саламите се најверојатно последната храна за која би претпоставиле дека помага при борењето со оралните проблеми. Сепак, еден од помалку познатите витамини К2 е неопходен за добро здравје на забите, а со него се богати сурово-сушените месни производи како саламите.

4) Јогурт

Обичниот јогурт има големо количество калциум, витамин Д и пробиотици кои го подобруваат имунитетот. Бидејќи забите се направени од калциум, храната богата со него е одлична за создавање на енамелот.

5) Јагоди

Ова овошје изобилува со витаминот Ц, кој помага за лекување на раните и го подобрува здравјето на непцата.

6) Путер

Иако ретко кој го смета путерот за здрава храна, тој е одличен извор на витаминот Б12 кој го подобрува здравјето на непцата. Недостатокот од витаминот Б може да доведе до инфекции на непцата како гингивитисот или периодонтитисот, кој предизвикува паѓање на забите.

7) Авокадо

Авокадото е богато со калиум – минерал кој помага за зајакнување на коските, и го спречува нивното кршење, а недостаток од него може да предизивика оштетување на забите.