Најплатената проститутка во САД vs сојузната држава Невада – кој ќе биде добитен на суд?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фамозната црвенокоса „ноќна дама“ Алис Литл, која за себе тврдиде дека е најплатена проститутка во Америка, поднесе тужба против сојузната американска држава Невада затоа што решила да ги затвори борделите, кои таму се легални, поради пандемијата на коронавирус.

Алис досега собрала повеќе од четириесет илјади долари од своите обожаватели на платформата GoFundMe за нејзините судски трошоци.

Тужбата е покрената откако гувернерот на Невада, Стив Сисолак одобрил мерки за забрана на блиски контакти во борделите, објави „Њујорк пост“.

„Одлуката на гувернерот да ги затвори борделите е дискриминација на сексуалните работници“, рече 30-годишната Алис.

По потекло од Ирска, Алис има повеќе од 106.000 следбеници на Инстаграм и работела во борделот „ Moonlite BunnyRanch “ кој што бил затворен во март поради пандемијата. Една година порано, таа заработувала до милион долари годишно, рече таа.

Тврди дека сексуалните работници претрпеле огромни загуби оваа година во Невада, моментално единствената американска држава каде проституцијата е легална. Таа исто така посочува дека државните мерки за помош на претприемачите опфатиле сè, освен жените и мажите кои се занимаваат со најстариот занает.

„Гувернерот на Невада неправедно ги затвора легалните бордели додека дозволува да работат другите продавници, како што се салоните за масажа, бањи и салони за убавина“, напиша Алис Литл.

Одговори и гувернерот Сисолак, велејќи дека проституцијата во моментот не му е приоритет.

„Треба да размислиме за враќање на децата на училиште, во моментов тоа е поважно од враќањето на луѓето во борделите. И тоа ќе го сториме со време, но не во блиска иднина“ – рече тој.

Литл не е единствената погодена од новите мерки. „Њујорк пост“ заклучува дека многу сексуални работници морале да ги префрлат своите деловни активности на Интернет и платформите како што е страницата „ OnlyFans“, а една придружничка понудила услуги „виртуелна девојка“ во замена за намирници и картички за подароци.