Бомбастичната Деми Роуз: Го напуштив средното училиште оти ме задеваа и малтретираа заради облините


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната британска Инстаграм модел и инфлуенсерка Деми Роуз, која на оваа социјална платформа има неверојатни 15 милиони следбеници, деновиве ја промовира својата нова модна колекција наречена PrettyLittleThing, а по тој повод зборуваше за Daily Mail за нејзината кариера, насилството од врсниците и естетската хирургија.

„Имав 14 години кога почнаа да ме малтретираат на училиште … Сакав да се дружам надвор од таа околина, па поголемиот дел од времето го поминував на Интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

Ме интересираше и виртуелната реалност, постојано бев на компјутер, а потоа се појави Мајспејс и конечно го најдов мојот повик“ – изјави Деми, која се прослави откако нејзините фотографии од плажата ги преплавија социјалните мрежи и станаа вирален хит.

Но, за жал, тие завршиле многу брзо на лажни профили и веб-страници за возрасни – се разбира, без нејзина дозвола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

„Кога видов дека лажниот профил на Инстаграм со моите фотографии има 3.000 следбеници, морам да признаам дека бев возбудена. Тогаш решив да отворам свој профил, сè друго е историја – се сеќава Роуз, која на 18 години потпиша договор со агенција за модели што ја лансира меѓу ѕвездите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

Британката во тоа време сè уште учела да биде козметичарка, но бидејќи нејзините наставници не биле многу љубезни со неа, таа набргу се откажала од понатамошното образование.

„Професорите се собраа зад мојот грб и озборуваа, со големо неодобрување зборуваа за мојата работа…Никогаш не го најдов своето место во училиштето, луѓето беа прилично непријатни кон мене, бев поразлична, но откако заминав, процветав! Сега ги блокирам сите негативни коментари – не гледам ништо што не сакам да видам затоа што не сакам тоа да влијае на мојот начин на размислување за себе“ – рече Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

Иако со текот на времето научила како да се справува со грдите коментари, атрактивната убавица за која воздивнуваат мажите ширум светот признава дека и денес постојат ситуации во кои и недостасува самодоверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose)

„Пробав некои нехируршки зафати, вклучително и антицелулитни третмани, но претпочитам да се држам до здрав начин на живот. Вежбам пет до шест пати неделно за општо здравје и благосостојба, а дали ќе бидам под нож во иднина…Понекогаш резултатите од естетската хирургија изгледаат навистина лошо, па можеби е подобро да не ризикувам. Но, повторно, не можам ни да бидам сигурна како ќе се чувствувам кога ќе остарам“ – заклучува Деми.