Бугарска статистика: Во последните 10 години над 65.000 Македонци извале бугарско државјанство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистичките податоци за периодот од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020 година, вкупно 77.829 државјани на Македонија поднеле барање за добивање бугарско државјанство, пренесуваат бугарските медиуми.

Речиси во сите или конкретно во 77 726 барања било наведено дека барателите имаат бугарско потекло.

Во истиот период, процедурата ја завршиле и им биле издадени бугарски државјанства на 65 675 Македонци.

Овие податоци ги објавила бугарската министерка за правда Десислава Ахладова на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство.

Гаџев, пренесува бугарски „Дневник“, го поставил прашањето коментирајќи во насока дека додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, кое ги прави граѓани и на ЕУ, во Северна Македонија се води недопустлива политика против Бугарија.