Вебкафе

Најозлогласениот телефон оди на аукциска продажба – дознајте ја неговата историја

 Црвениот телефон, којшто бил најден во бункерот на Адолф Хитлер, каде тој и загинал, ќе биде продаден на аукција, јави Си-Ен-Ен.

Телефонот, во производство на „Сименс”, првично бил црн, но подоцна бил обоен во црвено, а на задната страна му се додадени нацистичкиот кукаст крст и името на сопственик. Синот на британскиот офицер кој го пронашол телефонот, раскажува дека неговиот татко го зел сувенирот како спомен од поразот на диктаторот.

Аукциската куќа Alexander Historical Auctions го опишуваат предметот како „мобилно средство за уништување” и „најдеструктивното ’оружје‘ на своето време, коешто прати милиони во смрт”.

To Top