Песната „Милениче“ од македонската поетеса и писателка Лидија Димковска е објавена во последниот број на едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура, британскиот неделеник „Тајмс литерари саплмент“ (Times Literary Supplement) од Лондон. „Милениче“ е објавена во препев на англиски јазик на Љубица Арсовска и Патриша Марш-Стефановска. „Милениче“ е од „Гранична состојба“, последната поетска збирка на Димковска објавена лани …