Медведев има шанса да го симне Ѓоковиќ од тронот на АТП листата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рускиот тениски ас Данил Медведев го совлада Американецот Максим Креси со 3:1 во сетови во меч кој траеше три ипол часа.

Со овој триумф Медведев се најде на три победи до освојување на вториот гренслем во неговата кариера, но и до првото место кое го држи Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер по одбивањето на визата не доби прилика да ја брани титулата на Австралија Опен, па во случај Медведев да биде победникот ќе го прескокне на врвот на АТП листата.

Во четврфиналето Медведев го чека меч против Феликс Озе-Алисам кој беше подобар од Марин Чилиќ со 3:1 во сетови. Чилиќ поведе со 1:0 во сетови, но потоа следуваше пад во неговата игра кој противникот знаеше како да го искористи.