САД им нареди на семејствата од персоналот во амбасадата во Украина и на другите американски граѓани да ја напуштат земјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


САД им наредија напуштање на Украина на семејствата на вработените во нивната амбасада во Киев и порачаа дека сите американски граѓани треба да размислат за напуштање на земјата поради заканата од воена акција од Русија.

Наредбите се издадени „поради континуираната закана од руска воена акција“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Американската влада „нема да биде во позиција да ги евакуира“ американските граѓани во Украина, така што тие треба „соодветно да планираат“ со разгледување на употребата на комерцијални опции за напуштање, изјави висок функционер на Стејт департментот, наведувајќи дека станува збор за мерки на претпазливост кои во никој случај не ја поткопуваат американската поддршка или посветеност на Украина.

Официјалниот претставник одби да даде проценка за тоа колку Американци живеат во Украина, но нагласи дека Амбасадата на САД „ќе продолжи да работи на непрекинато за поддршка на Украина во овој критичен момент“.

Безбедносните услови, особено долж границите на Украина и во Крим окупиран од Русија и во источна Украина контролирана од Русија, „се непредвидливи и може да се влошат“, се вели во соопштението на Стејт департментот.