Студен и ветровит понеделник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, понеделник, 24. јануари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито.

Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 0 степени. Маврово -9, Охрид -2, Битола -2, Крива Паланка -4, Берово -5, Кавадарци 1, Дојран 3.

Во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.