Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк на истокот од Украина „успешно се развива“. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк. – Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно, рече Конашенков. Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на …