Дали жешката Драгана со скопско потекло ги скара Шакира и Пике?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светот на шоубизнисот и спортската елита беше раздрман од најновата вест дека по 11 години врска од која имаат две деца, колумбиската поп ѕвезда Шакира и дефанзивецот на Барселона Жерар Пике ставиле крај на нивната врска. Оваа афера е топ тема во светските медиуми. Како причина за нивната разделба се наведува неверството на фудбалерот со девојка за која многу малку се знае.

Сепак, како што се објави во соседна Бугарија, таинствената девојка поради која се разделува славниот пар е токму Драгана, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, која е доста популарна и во Бугарија, бидејќи и таму ја градеше кариерата и беше дел од многу модни настани и избори за убавина.

-Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате – изјавила Спасовска за Фокус.