Најбурната љубовна приказна во Холивуд: Таа го изневеруваше него, тој неа, а се сакаа најмногу на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Френк Синатра никогаш не бил верен на својата сопруга Ненси, со која имаа три деца, но никогаш не ни помислувал да ја остави поради некоја од своите љубовници. Сè додека не се појави љубовта на неговиот живот, неговата женска верзија, прекрасната Ава Гарднер.

Ава и Синатра се запознаа кога таа имаше само 18 години и беше на почетокот на својата кариера. Тогаш беше во брак со Мики Руни, а иако Синатра уште тогаш помислил дека е една од најубавите жени кои ги видел, сепак, била премлада за него, па не ни помислувал дека тие двајца некогаш можат да бидат заедно. Но, скоро шест години подоцна, после нејзиниот развод со Руни, тие повторно се сретнаа на една забава.

„Знаев дека е оженет и навистина, женетите мажи не котираа добро на мојата листа. Но, беше згоден, шармантен и очигледно маѓепсан од мене“, подоцна изјави Ава. Таа вечер отишле на пијачка и подоцна завршиле во неговата соба. Кружат приказни дека Гарднер таа вечер не попуштила пред Френк Синатра. Ја одвел дома, а нивната романса штотуку почнувала.

Изминале неколку месеци додека тие двајца повторно да се видат, но нивната меѓусебна импресионираност не исчезнала. „И двајцата бевме љубоморни, импулсивни. Кога ќе изгубам нерви, готово е. Таков е и тој“, изјави Ава за нивната врска.

Гарднер на почетокот не му верувала дека поради неа ќе ја остави сопругата, но тој навистина го направи тоа. Наводно ја одвел Ава пред Ненси за и сама да се увери дека навистина побарал развод.

Ги обожаваа забавите, алкохолот, цигарите и музиката. Ја мразеа осаменоста, го обожаваа сексот и двајцата ненормално стравувале од смртта. Биле апсолутно исти. Се венчаа во 1951 година, кога таа имаше 28, а тој 35 години.

Иако била луда за Френк, се знаело дека го изневерува. Особено кога поради професионални обврски морала да патува. „Ава ја мразеше осаменоста, не можеше да поднесе да биде сама. Постојано бараше некој да ја дружи“, открива еден од членовите на филмските сетови кој работел со неа. Наводно спиела со режисерите, но и со техничарите и останатите членови на сетовите. Само да не остане сама.

„Имаше проблеми со поврзувањето. Кога некој маж ќе се вљубеше во неа, таа кратко му возвраќаше на чувствата, но потоа ќе почнеше да го измачува“, открива еден нејзин познаник.

Френк постојано бил во страв дека ќе ја изгуби, му пречеа мажите со кои била пред него и постојано се плашел од мажите со кои работи. „Еден на друг си ги фрлаа стварите низ прозорец, вриштеа еден на друг, сето тоа поради љубомората“, откриваат подоцна нивните пријатели.

Но, сличен бил и Френк. Неговите пријатели тврдеа дека не можел да заспие ако нема жена покрај себе во креветот.

Но, тоа не било причината за нивното раскинување, туку нивните кариери. Ава била на врвот од славата, додека Синатра почнал да станува уште попосесивен и уште пољубоморен. Сепак, нивните пријатели тврдат дека тој бил оној кој повеќе вложувал во нивната врска. „Таа била себична, си гледала само за себе, а тој многу вложуваше во тој брак“, тврдат познаниците.

Ава била таа која одлучила дека е време за развод. Наводно рекла дека веќе не може сексуално да ја задоволи. Тој бил очаен, се обидел да си ги пресече вените за да ја варти, но таа не реагирала. Не го посетила ниту во болница.

Сепак, после разводот во 1957 година, рекла: „Никогаш не сум била среќна како во бракот со Френк. Ако повторно се мажам, би се омажила само за него. Да сакав да го делам со други жени, ќе бевме среќни“, пренесува Daily Mail.

И после разводот редовно се слушале. Ава почина во 1990 година, а Френк осум години подоцна. Неговата ќерка Тина подоцна откри дека тој никогаш не ја преболел нејзината смрт.