Трагедија на почетокот на Охридско лето: Скопјанец почина на свеченото отворање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скопјанец, роден 1954 година, починал откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.

Присутни на трагичниот настан, за Супер радио и Огрид прес, потврдиле дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош.

Следела брза реакција на екипите на Итната медицинска помош и лекари од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан”, во Охрид.

Скопјанецот бил реанимиран, по што околу 22:00 часот бил пренесен во Кардиолошкиот завод.

Но и покрај сите напори, поради тешката состојба во која се наоѓал, починал 45 минути по полноќ.