Тарантино снима филм за Чарлс Менсон – еве кој би можел да глуми во филмот

Американскиот режисер Квентин Тарантино во моментов го подготував филмот инспириран од убиствата на „Семејството“ Менсон, пренесуваат американските медиуми.

Тарантино расправал за проектот со познати глумци, пренесува списанието The Hollywood Reporter, а самиот тој ќе биде автор на сценариото.

Списанието кое се повикува на неименувани извори, тврди дека режисерот ги контактирал Бред Пит и Џенифер Лоренс. Легендарните продуценти Харви и Боб Венјштајн, кои со Тарантино соработуваа на неговите последни филмови, исто така ќе бидат дел од проектот.

Снимањето би требало да започне во 2018 година, иако уште не е потпишан никаков договор со дистрибутерите.

Чарлс Менсон, кој на 82 години уште е во затвор, беше главен човек на калифорниската секта „Семејството“ која уби неколку лица, меѓу кои и холивудската актерка Шерон Тејт, која тогаш носеше дете од режисерот Роман Полански.

Variety за улогата на Шерон ги споменува Џенифер Лоренс и Маргот Роби. Пит би можел да го глуми обвинителот Винсент Бугљоси, кој кривично ја гонеше сектата.