Тропски амбиент и многу страсти во новиот спот на Џенифер Лопез за “Ni Tu Ni Yo”


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фановите на Џеј Ло со воодушевување го дочекаа официјалниот спот за песната “Ni Tu Ni Yo”, чија аудиоснимка изминатите седум дена имаше над три милиони преслушувања на YouTube.

Атрактивната латино пејачка и овој пат се појавува во разиграно издание и тропски амбиент, со акцент на бојата и во дадени моменти многу малку облека врз себе.

Лопез во септември ќе објави нов албум на шпански јазик, после една деценија пауза. Ni Tu Ni Yo е трета песна од тој албум, а следуваше после две балади.