Најбогатите земји на светот според Global Wealth Report

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот, покажува Global Wealth Report спроведен од Credit Suisse.

Веднаш после Швајцарија, на второ место се најде Исланд, на трето Австралија, на чевтрто Америка и Бермуда како последна земја која ја заокружува првата петорка.

Бројот на милионери е зголемен за 155%, додека бројот на индивидуалци со висока нето вредност е зголемен на 216% оваа година.

24-11-najbogatite-zemji-na-svetot1

Во голем дел ова се должи на фактот што милионерите и UHNW (Ултра висока нето вредност) се статични и апсолутни, а целата распределба на богатството се менува како што светот станува побогато место, постепено намалувајќи го нивото на „членство“ со текот на времето. Растечката нееднаквост исто така може да ја зголеми брзината со која се создаваат новите милионери, иако фактот дека нееднаквоста а богатството е непроменета уште од почетокот на векот укажува дека нееднаквоста не е примарен двигател на зголемувањето на UHNW броеви на глобално ниво, пишува во извештајот.

Извештајот исто така ја потврдува водечката позиција на Швајцарија во неколку сегменти. Од почетокот на векот, Швајцарија води на интернационалните табели во однос на просечното богатство. Секоја година уште од 2012, богатството на возрасен надмина 500.000 долари, праг кој не го надминал ниту една друга земја.

Maкедонија има 0% од светското богатство, додека богатството по еден возрасен човек изнесува 9.646 долари.

Неколку клучни факти за Швајцарија и нејзиното богатство:

Во 2016 година, вкупното богатство на домаќинствата во Швајцарија изнесуваше 3.5 милијарди долари, или 1.4% од глобалниот капитал.

Швајцаарците се 11 пати побогати отколку просечниот граѓанин на светот.

Да се биде меѓу најбогатиот 1% во Швајцарија, едно лице има минимум 5 милиони долари.