На Модриќ му виси казна затвор – еве ја причината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обвинителството во Осиек покрена истрага против Лука Модриќ под сомнение дека лажно сведочел во случајот што се води против Здравко Мамиќ.

Обвинителството објави дека е отвори истрага против хрватски државјанин (1985), под сомнение дека при сведочењето во судот во Осиек, со давање лажен исказ, сторил казнено дело против правосудството.

Обвинителството тврди дека Модриќ лажел кога сведочел и го сменил исказот во корист на Здравко Мамиќ, со кого имал потпишан граѓански договор уште кога имал 14 години. Според обвинителите, Модриќ лажно сведочел за потписот на анексот на договорот околу поделбата на отштета што Динамо ја добил од неговиот трансфер во Тотенхем.

Доколку Модриќ биде осуден, според хрватскиот закон може да добие затворска казна од шест месеци до пет години.