Алармантно во РЕК Битола: Нова хаварија во Суводол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во РЕК Битола повторно дојде до уште една хаварија во рудникот Суводол. На одложниот транспортер на багерот СрС 1300, таканаречен банваген 5500, дојде до оштетување на приемната лента, односно нејзино целосно кинење, истиот е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот Срс 1300, изјави пратеникот во македонското Собрание од СДСМ, Васко Ковачевски.

Тој додава дека со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици. Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармантна.

Ваквата состојба со најголемиот енергетски комбинат во Македонија е последица на долгогодишното неодговорно работење на раководствата, кое во изминатите години беше проследено со низа скандали и коруптивни зделки за кои се покренати и бројни кривични постапки. Катастрофалната состојба со РЕК Битола е уште еден доказ дека итно е потребно ново раководство во АД ЕЛЕМ, а со тоа и на РЕК Битола. АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се столбот на енергетскиот сектор во Македoнија и недозволиво е да бидат управувани на неодговорен и коруптивен начин како што беше досега. Новите раководства на овие претпријатија ќе мора сериозно да се зафатат со санирање на штетите и да воспостават одговорно, чесно и професионално раководење кое ќе гарантира сигурна, непречена и ефикасна работа на истите, рече Ковачевски.