На Австралијци им се заканува затвор од 10 години за местење „Counter Strike“ дуели


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петмина Австралијци се соочуваат со обвинение поднесено против нив во рамки на полициската истрага за местење мечеви во видео играта Counter Strike: Global Offensive.

Тие се обвинуваат за „употрева на информации за коруптивно однесување заради обложување“. Заради ова кривично делот им се закануива десет години затвор, а ќе им се суди во септември.

Обвинувањата се однесуваат за најмалку пет мечеви на неименуван „Counter Strike: Global Offensive“ турнир, по што истрагата ја покренала една кладилница во Австралија.

Уште минатата година, кога за ова прв пат се слушна, помошниок комесарот Нил Патерсон рекол дека со местењето заработиле околу 30.000 австралиски долари (17.500 евра).