Еден француски случај на заразен од коронавирус може да ја смени сликата за пандемијата во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден единствен случај на француски пациент заразен од коронавирус би можел целосно да ја промени претставата и сознанијата за епидемијата на КОВИД-19 во Франција, но и во цела Европа.

Имено со додатна анализа утврдени е дека Французин заболел од коронавирусот еден месец пред да биде официјално потврден првиот случај.

Лекарите тестирале 24 примероци од пациенти кои во текот на минатиот декември и јануари се лечеле во болницата „Авицена“ и „Јеан Вердиер“ и се покажало дека еден пациент, примен во болница на 27 декември бил позитивен на кронавирусот, пишува Гардијан.

Примероците првенствено биле тестирани за обичен грип, но дополнителното скенирање открило присуство на опасна заразна болест еден месец пред француските власти да знаат дека коронавирусот влегол во земјата. Речиси 25.000 луѓе починале во Франција од оваа болест, а првите случаи биле „потврдени“ на 24 јануари. Вклучиле и пациент од Бордо, но и двајца пациенти од Париз.

Она што е важно е дека случаите во Франција се всушност првите официјални случаи во Европа. Ова значи дека не само што коронавирусот влегол во Франција порано, туку непознат број Европејци исто така биле изложени на вирусот многу порано отколку што се сметаше. Познавањето за првите случаи, нивните локации и контакти е многу важно при следење на ширењето на инфекцијата и воспоставување контрола. Сепак, дури и сега е неизвесно дали пациентот од крајот на 2019 година бил првиот што бил заразен.

Во меѓувреме, тој оздравел и била извршена истрага за неговите контакти. Се испоставило дека ги заразил своите две деца, но не и неговата сопруга.

Французинот не патувал, но неговата сопруга работела близу лица со потекло од Кина, иако не е познато дали патувале во матичната земја.

Она што сега се знае јасно е дека вирусот циркулирал во Франција уште во 2019 година, а не до крајот на јануари 2020 година.